Атланта Јунајтед фаворит за потписот на Мората

Челниците на Атланта Јунајтед ќе се насочат кон фудбалерот на Комо, Алваро Мората, откако не успеаја да дојдат до потписот на играчот на Наполи, Ромелу Лукаку.
Според одредени шпекулации за 33-годишниот играч се заинтересирани и Депортиво Ла Коруња и Хетафе како и клубови од Катар, Саудиска Арабија и Мексико.
Поранешниот капитен на Шпанија играше и за Реал Мадрид, Јувентус, Челзи, Атлетико Мадрид, Галатасарај и Милан.