Атлетико Мадрид го носи Икарди?

Шампионот на Ла Лига, екипата на Атлетико Мадрид е заинтересирана за играчот на ПСЖ, Мауро Икарди.

Во Атлетико Мадрид веруваат дека аргентинскиот напаѓач би бил идеална замена за Луис Суарез кој е во последната година од актуелниот договор со екипата и сеуште не се знае дали ќе потпише нов.

Мауро Икарди има уште три години од актуелниот договор со Париз Сен Жермен, но не е задоволен од минутажата на теренот и од фактот што не е во прв план кај тренерот Почетино. 

Икарди оваа сезона има постигнато само три гола во сите натпреварувања за францускиот вицешампион.