Атлетико Мадрид пред договор со Лаказет

Според пишувањата во шпанските спортски портали, Атлетико Мадрид сериозно се подготвува за купување на Александар Лаказет од Арсенал.

„Јорганџиите“ од Мадрид веќе долго време го следат Лаказет и се подготвени да испратат официјална понуда до Арсенал во jануари.

Договорот на Французинот со Арсенал истекува на лето и тој нема намера да го продолжи и да остане на „Емирати“. Тој факт сака да го искористи Атлетико Мадрид кој ќе му понуди пред договор на Лаказет кој ќе се официјализира во текот на летото.

Александар Лаказет пристигна во Арсенал од екипата на Лион во 2017 година. Во дресот на „топџиите“ тој запиша 178 настапи со постигнати 68 голови.