Атлетичарка на ЛОИ дисквалификувана поради допинг

Нигериската атлетичарка Блесинг Окагбаре (32) не настапи во полуфиналето на трката на 100 метри на Олимписките игри во Токио, откако на допинг контрола беше откриено дека земала хормон за раст.

Окагбаре е освојувач на сребрениот медал во скок во далечина од Пекинг во 2008 година.

Нигеријката беше најбрза во нејзината квалификациска група, но Атлетската единица за интегритет објави дека искусната спортистка, за која ова се четврти олимписки игри, била позитивна на контролата извршена на 19 јули.

Окагбаре нема да има право да настапи на 200 метри или скок во далечина, и нема да може да им помогне на штафетата на својата земја на 4х100 метри.