Балогун падна на медицинските тестови во Евертон

Фоларин Балогун беше пред трансфер во Евертон, но сега е неизвесно дали оваа зделка ќе се случи.

Последните информации велат дека Балогун не ги минал медицинските прегледи.Докторите на Евертон сметаат дека фудбалерот не е 100 проценти фит

Но, од Монако и од кампот на фудбалерот тврдат дека тој е подготвен да игра и нема никаков проблем.

Некој не ја кажува вистината, но како и да е, се чини дека Евертон се откажува од трансферот.