Барди казнет два меча по црвениот картон против Коџаелиспор

Македонскиот репрезентативец Енис Барди ја дозна казната за црвениот картон која ја доби минатиот викенд во дуелот против Кџоџелиспор.

Дисциплинската комисија на Турската фудбалска федерација го суспендира Барди на два меча во турскиот шампионат.

Репрезентатинецот поради казната ќе ги пропушти престојните натпревари на Коњаспор против Ерзурумспор и Трабзонспор.

Барди на дуелот на неговата Коњаспор против Кочаели влезе во игра на стартот од второто полувреме, но по само две минути игра, несмасно фаулираше противнички фудбалер по што му беше покажан директен црвен картон.