Барса во јануари ќе достави нова понуда до Атлетико за Хулијан Алварез

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона не се откажува од идејата да го ангажира Хулијан Алварез и ќе тропне на вратата на Атлетико Мадрид веќе во јануари.

„Каталонците“ цело лето се обидуваа да го ангажираат Аргентинецот, но Атлетико Мадрид одби да го продаде напаѓачот на ривалот од Ла Лига.

Ова креираше тензична ситуација, во последните денови од преодниот рок Алварез падна во депресија и пропушти неколку тренинзи.

Но, откако му стана јасно дека Атлетико нема да го промени ставот, тој се помири со ситуацијата и почна повторно да работи со соиграчите.