Барса го нуди Де Јонг во трансферот на Родри

Капитенот на репрезентацијата на Шпанија, Родри, се очекува да потпише за Барселона, а Каталонците во рамките на преговорите го понудиле и Френки де Јонг. Каталонските извори тврдат дека спортскиот директор Деко сака да го вклучи Де Јонг во договорот со Сити, кој не сака да настапува за Барселона.

Де Јонг би можел да се согласи на заминување, бидејќи Ханси Флик веќе нема иста доверба во него како порано.

Во исто време, Де Јонг одбил да оди на операција и сака да го залечи коленото со конзервативни методи.

Де Јонг сигурно ќе паузира до крајот на 2026 година, па Сити ќе мора добро да размисли дали треба да го прифати Холанѓанецот како дел од заминувањето на Родри.