Барса и Сити договараат голема размена!

Откако ги доведе Серхио Агуеро и Ерик Гарсија, Барселона ова лето се обидува да доведе уште еден играч на Манчестер Сити.

Каталонски „Спорт“ објави дека шпанскиот великан преговара со Сити за Ајмерик Лапорт. Барселона на стоперската позиција ги има Пике, Ленгле, Умтити, Араухо, Мингеза и Гарсија, но тренер Роналд Куман смета дека му е потребен уште еден играч.

Лапорт во Сити кај Пеп Гвардиола стана резерва на Рубен Диас и Џон Стонс, па и тој ова лето би сакал да го промени клубот. Претходно, тој ја промени репрезентацијата и нема да игра за Франција, туку за Шпанија, па со тоа заминувањето во Барселона се чини уште пологично. Пред Сити, тој настапуваше за Билбао, кој го продаде во Англија за 60 милиони евра.

Во размената, каталонците го нудат Серхи Роберто, играч кој дебитираше кај Гвардиола во 2011. година, во полуфиналето против Реал.