Барса пријави загуба од 481 милиони евра за една сезона

Барселона издаде соопштение по состанокот на бордот на директори на клубот кој се одржал вчера. Каталонскиот гигант потврди дека на крајот од сезоната 2020/2021 загубиле 481 милиони евра.

Одборот на директори го одобри буџетот на клубот за оваа сезона во износ од 765 милиони евра, но тој мора да помине низ дополнителна постапка за одобрување на Собрание на делегати. На 6 октомври ќе започне целосна проверка на работите на клубот за да се најдат одговорните за финансиските проблеми. Тимот сериозно има намера да го среди она што се случи за да ги отстрани сите тешкотии за работењето на клубот во сезоната 2021/22.

Да потсетиме, во септември Каталонците ќе одиграат четири натпревари – со Гранада, Кадиз и Леванте во шпанското првенство, како и со Бенфика во Лигата на шампионите. Доколку тимот не постигне позитивни резултати, Лапорта може да се одлучи за одредени промени.