Барселона е заинтересирана за Мукоко од Дортмунд

Медиумите во Шпанија известуваат дека челниците на фудбалскиот клуб Барселона се заинтересирани за ангажман на фудбалерот Јусуфа Мукоко од Борусија Дортмунд.

18-годишниот германски репрезентативец, за првиот тим на Борусија Дортмунд има одиграно 59 натпревари и има постигнато 11 гола. Тој од страна на фудбалските стручњаци се смета дека во иднина ќе биде еден од најдобрите европски напаѓачи. Неговиот договор со германскиот бундеслигаш истекува на крајот од сезоната, и можно е да пристигне во Барселона како слободен играч без обештетување.