Башкими го смени тренерот Гајур Реџепи

По две кола од Првата македонска фудбалска лига, паднаа две „тренерски глави“, по Вардар, менуваше и Башкими.
На местото од Гајур Реџепи, на клупата на кумановскиот тим седнува Шабан Сулејмани.
„Башкими постигна договорот со тренерот Шабан Сулејмани кој неодамна беше помошник тренер во Работнички. Тој има искуство во Лирија од Призрен, каде што придонесе за пласман на екипата во Суперлигата, беше дел и од Беса Добридол, Гостивар и Шкендија Арачиново. Клубот му посакува добредојде на Шабан и се надева на успешна соработка“, стои во соопштението на Башкими.
Кумановскиот клуб му се заблагодари на Гајур Реџепи и му посака се најдобро во иднина.