Бајиќ ја собра македонската кошаркарска младина

Македонската кошаркарска репрезентација предпладнево го одржа првиот официјален тренинг на чело со новиот селектор Драган Бајиќ. Со ова стартуваа подготовките во пресрет на претквалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство. Во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ селекторот Драган Бајиќ најнапред ги собра младите кошаркарски надежи кои се потенцијални репрезентативци.

На првиот собир селекторот Бајиќ викендов ќе направи селекција од 17 кошаркарски надежи.

На денешниот прв собир тренираа Максим Митевски, Димитар Иванов, Андреј Андоновски, Леонид Тодоровски, Лејсон Зекири од МЗТ Скопје Уни Банка, Виктор Ефремовски (Работнички), Валмир Какруки (Навико Академија ФМП), Андреј Настовски (Црн Дрим), Андреј Митревски (ТФТ), Иван Волкановски (Куманово 2009), Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП), Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија), Марко Миловановиќ (Јуви Кремона-Италија), Рубин Стефанов (Крабс Баскет Римини-Италија).

Со тимот исто така беа и Лука Савиќевиќ, Андреј Јакимовски и Стојан Ѓуроски кои во моментов ги санираат своите повреди.

Македонија ќе биде домаќин на претквалификацискиот турнир за пласман во квалификациите за Светскиот Куп, кој од 12 до 18 август ќе се одржи во Скопје.