Бензема размислува за крај на кариерата

арим Бензема (38) повеќе не е фудбалер на Ал Хилал. Францускиот напаѓач и саудискиот клуб спогодбено се разделија, а искусниот голгетер сега мора да донесе голема одлука за својата кариера.

Во 2023 година, Бензема го напушти Реал Мадрид и се пресели во Ал Итихад, додека во јануари 2026 година направи нов голем трансфер и го облече дресот на Ал Хилал.

Тој трансфер предизвика бура во Саудиска Арабија, дури и Кристијано Роналдо протестираше.

Сепак, соработката со клубот од Ријад траеше само шест месеци. Бензема сега е слободен играч, а постои можност веќе да го одиграл последниот натпревар од својата професионална кариера.

Французинот разгледува две опции – пензионирање или преселба во друг клуб од Саудиска Арабија.

Враќањето во Европа, како што е наведено, не е опција.