Бенитез објасни зошто Хамес си замина од Евертон

Хамес Родригез си замина од Евертон и потпиша за катарскиот клуб Ал Рајан. 30-годишниот фудбалер не ни заигра откако Бенитез дојде во клубот.

Бенитез вели дека Хамес бил продаден затоа што тоа е добро за баланс на финансиите на Евертон, тие не можат да си дозволат да имаат фудбалер кој не може да одигра половина од мечевите, а да му даваат голема плата.

„Хамес е и многу лесен и комплициран случај. Ова е Премиерлига, и ова е Евертон и имате фудбалер кој може да одигра само околу 50% од натпреварите во Премиерлигата. Тоа не е нешто што може лесно да се менаџира. Ние треба да ги максимизираме ресурсите кои ги имаме, таква е ситуацијата“, рече Шпанецот.