Борба за финале на ЕП во кошарка: Полска против Франција, Германија со Шпанија

Борба за финале на ЕП во кошарка: Полска против Франција, Германија со Шпанија

Денес во Берлин започнуваат натпреварите од самата завршница на Европското кошаркарско првенство. 

Репрезентациите на Полска и Франција својот полуфинален дуел го започнуваат во 17.15 часот. Кошаркарите на Полска до борбата за пласман во големото финале стигнаа со триумфот над актуелниот европски шампион Словенија која во четвртфиналето ја совладаа со резултат 90:87, додека Франција после продолженија беше подобра од Италија со 93:85.

Домаќинот на нокаут фазата од  шампионатот селекцијата на Германија, во второто полуфинале кое е на распоред вечерва од 20:30 , ќе се сретне со актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Шпанија.

Германија, шансата за пласман во финалето ја обезбеди со четвртфиналниот триумф над Грција со 107:96, а Шпанија беше подобра од Финска со 100:90.

Евробаскетот завршува во недела на 18.септември, кога на програмата е натпреварот за третото место во 17:15 часот , како и големото финале кое е закажано за 20.30 часот.


www.evrotip.mk