Брегалница го отпушти тренерот Кузманов

Фудбалскиот клуб Брегалница му се заблагодари на стручниот штаб по поразот од Шкендија Арачиново во Штип.

Никола Кузманов веќе не е тренер на Брегалница, клубот му врачи отказ и на него и на останатите членови од стручниот штаб.

Необично, во соопштението на Брегалница не беше напишано името на Никола Кузманов.