Бремер доби дозвола за заигра за бразилската репрезентација

Дефанзивецот на Јувентус, Глејсон Бремер, доби дозвола од раководството на клубот да се приклучи во таборот на репрезентацијата на Бразил.

Централниот дефанзивец има лесна повреда, но и покрај тоа клубот од Торино реши да не му ја одземе можноста за првпат во кариерата да биде дел од селекцијата на Бразил. Тоа е прва покана за Бремер, кој ќе има шанса да дебитира во дресот на Бразил на било кој од претстојните тестови против Гана на 23 септември или против Тунис на 27 септември, во зависност од неговото здравје и одлуката на селекторот Тите.

Меѓу другото, оваа прозивка е исклучително вредна за Бремер бидејќи доаѓа на помалку од два месеци пред Светското првенство во Катар. Така, 25-годишниот дефанзивец може да се надева дека ќе биде меѓу избраниците на Тите за СП во Катар на крајот на годината.