Брендон Аронсон интересен за два италијански гиганти

Салцбург е познат како клуб кој во последните години лансираше голем број на таленти, а сега има нова ѕвезда за која се „тепаат“ европските гиганти.

Станува збор за 20-годишниот Бренден Аронсон, кој во јануари оваа година пристигна во Салцбург од Филаделфија. Аронсон е офанзивен играч за врска, кого го карактеризира голема техника и чуство за гол.

За репрезентацијата на САД има одиграно 10 натпревари на кои постигна 5 гола.

Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.