Брендон Роџерс го одби Њукасл

Како што пренесуваат медимумите од Англија,тренерот на Лестер Сити,Брендон Роџерс не бил заинтересиран да ја преземе клупата на Њукасл Јунајтед.

После купувањето на Њукасл од страна на конзоциум од Саудијска Арабија, се споменуваат голем број на тренерски имиња кои би го замениле актуелниот тренер на Њукасл, Стив Брус кој се очекува да добие отказ од новите сопственици. Меѓу имињата кои се споменуваат како  еден од најзериозните кандидати беше и Брендон Роџерс.

Меѓутоа, во изјава за медимумите, Роџерс изјавил дека е задоволен со тренерското место во Лестер и дека и дека има планови за големи успеси со тимот кој го води.

Брендон Роџерс стигна како тренер на Лестер во 2019 година и најголем успех му е освојувањето на трофејот во ФА купот совладувајќи го во финалето тимот на Челзи.