Варан одушевен од доаѓањето на Роналдо

Кристијано Роналдо се одлучи да се врати во Манчестер Јунајтед  и да му помогне на клубот да се врати на победнички патеки.

Сите навивачи, управата, јавноста едноставно очекува Португалецот да донесе дух, менталитет кој едноставно во моментов му е повеќе од потребен на Јунајтед кој веќе подолго период се мачи или поконретно од заминувањето на легендарниот стратег сер Алекс Фергусон.

Рафаел Варан е едно од засилувањата за Јунајтед, играч кој многу добро го познава Кристијано, па од свој агол објасни што всушност ќе му донесе на клубот од Манчестер.

„Мислам дека тој е најдобриот пример во светот во однос на работната етика и победничкиот менталитет. Играјќи со овој тип на играчи, се подобрувате секој ден. Ако тој се уште игра на толку високо ниво на негова возраст, тоа е затоа што неговата работа е неверојатна. Многу сум среќен што играм со него,“ рече Французинот.