Вардар го надигра Арсими во дебито на Божовиќ

Тренерот Миодраг Божовиќ имаше победничко деби на клупата на Вардар, откако неговиот тим го совлада Арсими со 2:0 во меч одигран на ТЦ „Петар Милошевски“ на Фудбалската федерација на Македонија. Актуелниот првак сосема заслужено славеше триумф и ја оправда фаворитската улога.

Првиот гол Вардар го постигна во 25. минута. Спахиу од левата страна убаво го проигра Закариќ, кој од прва погоди во мрежата на Силјановски.

Првите 30 минути во вториот дел немаше ништо, а потоа неколку шанси. Се закани Тодоровски, меѓутоа неговиот удар отиде над голот.

Илјази во 89. минута имаше можност но, шутираше само крај голот. Закариќ имаше шанса прилика, не ја искористи, а потоа во 102-та минута втор гол за Вардар. Омерагиќ го проигра Спахиу кој стави точка на победата на „црвено-црните“.