Вардар раскина со Жерсон Родригез

Фудбалскиот клуб Вардар денеска го раскинал договорот со Жерсон Родригес по серијата проблеми и непрофесионален однос на репрезентативецот на Луксембург. И покрај најавите дека се работи за големо засилување, неговиот проблематичен карактер се манифестираше уште во првите месеци од престојот во македонскиот првак.
Фудбалерот ја потврди веста за разделбата со Вардар преку својот Инстаграм-профил, изјавувајќи дека е среќен што повеќе не е под притисок во клубот и дека ќе ја продолжи кариерата во средина каде што ќе се чувствува како дома.