Варди има нов клуб, ќе игра за Барнли

Поранешниот англиски репрезентативец Џејми Варди по настапите во италијанскиот тим Кремонезе се враќа во англискиот фудбал и до крајот на сезоната ќе настапува за Барнли, екипа која се натпреварува во Чемпионшип и е на последното место на табелата. Тој во клубот доаѓа како слободен играч.
„Клубот има одлична фудбалска историја и одлични навивачи. Го чекам моментот кога ќе почнам да играм, да помогнам да се тргне во вистинска насока“, изјави Варди.
Искусниот центарфор најголемиот дел од кариерата ја мина во Лестер од 2012 до 2025 година, а претходно настапуваше за нисколигашот Флитвуд Таун. За Лестер одигра 440 натпревари, и постигна 183 голови во сите натпреварувања. Во Премиер лигата беше стрелец на 145 голови и е најдобар стрелец во историјата на клубот. Варди беше дел и од шампионскиот тим на Лестер во 2016 година и во 2021 година кога го освои ФА купот.