Вернер го напушта Челзи, познато е каде ќе настапува!

Тимо Вернер наскоро би можел да го напушти Челзи, пишуваат англиските медиуми.

Германскиот напаѓач пристигна во Лондон од РБ Лајпциг за дури 53 милиони евра, но не го оправда влогот на „сините“ од Лондон. Постигна само шест погодоци во првенството, но воглавно доминираше со неверојатни промашувања кои продолжија и во германската репрезентација.

Со доаѓањето на Лукаку, Вернер го загуби своето место во првиот тим и се чини дека Томас Тохел го гледа само како замена. Англиски „Дејли Мејл“ пишува дека за Вернер постои голем интерес од страна на Борусија Дортмунд, која наскоро ќе бара замена за Ерлинг Халанд.

Вернер сезонава одигра само 183 минути на пет натпревари.