Вернер: Потребна ми е доверба на тренерот

Фудбалерот на Челзи, Тимо Вернер, се осврна на критиките што ги добива од сите страни поради слабите партии пред се во дресот на „сините“.

„Морам да ги игнорирам критиките. Ако размислувам за нив, ќе бидам под притисок. Знам што можам. Потребна ми е доверба од тренерот, се надевам дека ќе можам да се оддолжам“, изјави Вернер кој за Челзи одигра осум средби во сезонава со ефект од два гола и една асистенција.