Ветеранот Ворнок е нов тренер на Миовски во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски доби нов тренер во Абердин. Се работи за легендарно фудбалско име на Островот, Нил Ворнок.

Тој има 75 години, неговата менаџерска кариера трае речиси 45 години, а ги има предводено и Лидс, Кристал Палас, Шефилд јунајтед и Мидлсборо.

Нил Ворнок доаѓа на местото на Бери Робсон, кој замина од клупата на Абердин минатата седмица, по ремито со Данди на домашен терен во Премиер – лигата.