Виеира убеден дека Заха ќе остане во Кристал Палас

Патрик Виеира се надева дека ќе го задржи Вилфрид Заха, кој наводно летово повторно е на чекор од заминување од клубот.

Кристал Палас во текот на летото го доведе Патрик Виеира на местото од Рој Хоџсон, а промената доведе и до промени во составот на играчи. Сепак, Вилфрид Заха допрва треба да се одлучи дали ќе остане во екипата и следната сезона.

„Добро ја знам ситуацијата на Вилфред во последните години, но имавме навистина добар разговор и со нетрпение очекувам да работам со него“, рече Виеира за „Скај Спортс“.

„Тој е еден од најталентираните играчи во лигата и не сакаме да се збогуваме со нашите најдобри играчи“, дополни тој.

28-годишниот Заха има договор со Кристал Палас до летото 2023 година.