“Вистинскиот“ Роналдо со свој фаворит за добитник на наградата Златна топка

Минатата недела беше објавена листата на фудбалери кои се во конкуренција за добитници на престижната награда Златна топка што ја доделува францускиот магазин Франс Фудбал.

Како најголеми фаворити за добивање на наградата се истакнуваат  Меси, потоа играчите на Челзи, Канте и Жоргињо, и секако напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски.

Меѓутоа со свој фаворит за добитник на наградат се огласи и бразилската легенда Назарио де Лима Роналдо.

Тој на својата ФБ страница  напиша дека без двоумење негов кандидат за добитник на наградата е напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.  Роналдо за Бензема вели дека е одличен голгетер кој веќе 10 години игра во врвна форма и дека заслужува да биде освојувач на Златната топка.