Влаховиќ постигна СЕДУМ гола за едно полувреме!

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ постигна дури седум гола за едно полувреме во победата на Фиорентина над Фолињо на подготвителниот натпревар кој заврши со резултат 11:0.

Влаховиќ доминираше на дуелот против  нисколигашот и уште еднаш покажа завиден голгетерски квалитет, на крајот постигнувајќи неверојатни седум погодоци, и тоа за само 45 минути.

Само за две минути во продолжението, 21-годишникот од Белград постигна два гола, па уште еден во 55-та, па во 68-та, 71., 78. и потоа во 80. минута, со што го комплетираше изданието што ќе го памети.

За потсетување, иднината на Душан Влаховиќ во Фиренца е се уште под знак прашалник. Поранешниот фудбалер на Партизан има договор со Фиорентина до 2023. година, а неговата вредност е проценета на 40 милиони евра.