Влашиќ потпиша за Вест Хем за 27 милиони евра

Никола Влашиќ го комплетираше трансферот во Вест Хем. Влашиќ стана четвртиот најскап хрватски фудбалер во историјата и за 27 милиони евра се пресели во Премиер лигата.

Влашиќ одигра фантастична сезона во ЦСКА Москва и беше избран за најдобар фудбалер во руската лига.

Долго се поврзуваше со трансфер во Милан, но „росонерите“ не беа спремни да ја платат сумата која ја бараше рускиот клуб.

На крајот Вест Хем се согласи да плати 27 милиони евра и Власиќ кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.