Втор клучен кошаркар на ПАО се повреди во претсезоната

Нови проблеми за Панатинаикос. Кендрик Нан ќе биде надвор од теренот до средината на октомври поради повреда на менискусот на десното колено и операција, а сега е надвор од терените ќе
Најџел Хејс-Дејвис кој ја скрши дланката на тренинг, објавија од клубот.

Резултатите покажуваат дека тој претрпел фрактура на четвртата метакарпална коска на левата рака и сега се соочува со пауза од речиси два месеци.

Првичните прогнози се дека ќе биде надвор од теренот околу шест недели, со што сигурно ќе го пропушти првиот месец од Евролигата.