Гвардиола: Вокер и Филипс ќе бидат подготвени за СП во Катар

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, истакна дека играчите на тимот Кајл Вокер и Калвин Филипс би требало да бидат на располагање на селекторот на Англија за Светското првенство во Катар.

Селекторот на репрезентацијата на Англија, Гарет Саутгејт, следната недела ќе го објави официјалниот список со фудбалери за Катар, но мали се шансите дека тој ќе ги вклучи Вокер и Филипс.

Вокер минатиот месец имаше операција на препоните, додека Филипс во септември го оперира рамото. Двата фудбалери имаа важна улога во пласманот на Англија во финалето од минатогодишното Европско првенство.