Гвардиола: Сезонава Премиер лигата ќе биде неизвесна до последното коло

Пеп Гвардиола, вели дека Премиер-лигата секоја година добива на квалитет и дека трката за шампионскиот пехар станува се потешка. Тој се надева дека  „граѓаните“ ќе се борат за титулата до крајот од сезоната.

„Не би рекол дека трката за титулата беше лесна во претходните години, но, секоја сезона изгледа потешка.  Генерално, играме добро иако загубивме бодови на домашен терен. Има два месеци во кои ќе бидеме заедно и се надевам дека ќе постигнеме добри резултати. Мораме да бидеме блиску до врвот во Премиер лигата за да се бориме за титулата. Загрижен сум бидејќи секогаш имаме проблеми кога играчите се враќаат од репрезентациите“, објасни Гвардиола.