Гнабри уште четири години во Баерн Минхен

Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Серж Гнабри и покрај интересот од лондонски Челзи и Реал Мадрид, потпиша нов договор со Баерн Минхен, според кој ќе остане во клубот до летото 2026 година, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо на својот Твитер.

Германскиот фудбалер имаше само една година од договорот, а неговата иднина во Баерн беше доведена во прашање. Претходно беше објавено дека раководството на Баерн Минхен би можело да го отстрани 26-годишниот фудбалер од главниот тим доколку Гнабри не сака да го продолжи договорот.

Играчот од средниот ред, пак, сакаше да остане во тимот, но беше незадоволен од односот на раководството на Баерн. Гнабри се пресели во Баерн Минхен во летото 2017 година од Вердер Бремен. За Баерн на 171 натпревар постигна 64 гола и имаше 40 асистенции. Гнабри постигна 20 гола на 34 натпревари за репрезентацијата на Германија.