Голема гостинска победа за Шкендија Арачиново во Куманово

Шкендија Арачиново ја забележа втората сезонска победа во Првата македонска лига, втора на гостински терен и тоа против Башкими (1-2).
Скопскиот тим ги посакуваше трите бода и успеа да ги освои истите на соочувањето во Куманово пред се благодарение на летното засилување Фазлагиќ. Енис постигна два гола, првиот во 8, вториот во судиското продолжение на првото полувреме.
За домаќините стрелаше Рибеиро во 25 минута