Далас ќе биде домаќин на финалето на Мундијалот во 2026 година

Финалето на Светското првенство во 2026 година ќе се игра на стадионот „ATT“ во Далас, објави „ЕСПН“.

Таму мечевите ги игра НФЛ тимот Далас Каубојс а капацитетот изнесува 80.000 седишта. Сепак, за потребите на Мундијалот ќе има дополнителни 20.000 седишта и финалето ќе се игра пред 100.000 гледачи.

Покрај САД, организатори на Светското првенство во 2026 година се уште и Мексико и Канада. Тогаш за прв пат ќе учествуваат 48 земји поделени во 12 групи. Натпреварите ќе се играат на 11 стадиони во САД, три во Мексико и два во Канада.