Дарвин Нуњез: По Ал Хилал преживеав пекол кој никому не му го посакувам

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Дарвин Нуњез, открива дека минал низ пеколен период за време на неговиот престој во Ал Хилал.
Во јануари Дарвин Нуњез беше отстранет од списокот за странци и не играше, тоа се случи по доаѓањето на Бензема во Ал Хилал.
Уругваецот беше прогласен за вишок во тимот и чекаше да минат шест месеци по кои се пресели во Ал-Дирија.
„Беше многу тешко, но секогаш зборував дека по бурата доаѓа сонце. Повторно играм фудбал и среќен сум во моментов. Последните шест месеци кои ги поминав во Ал Хилал беа многу тешки за мене и моето семејство, на никого не би му посакал да помине низ исто искуство“, кажа Нуњез.