Дарио Ивановски 46-ти на Европското првенство во Бирмингем

Македонскиот маратонец Дарио Ивановски го освои 46.то место на маратонот во рамки на Европското првенство во Бирмингем. Тој маратонската патека ја истрча со време – 2:22.39 часа или имаше заостанување од 13.28 минути зад победникот Аманал Петрос од Германија.

Ивановски имаше добар почеток на трката и се наоѓаше во средината од групата учесници. Но, некаде меѓу 15-20.тиот километар најверојатно поради криза имаше пад од околу 20 места. Сепак успеа да се врати во „ритам“ и да го подобри својот пласман. На половина од патеката (полумаратон) Ивановски имаше време – 1:09.28 час.

Трката ја завршија 52 маратонци, седум се откажаа, додека еден не стартуваше. (