Дарко Чурлинов го впиша првенецот за Погон Шчечин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов го постигна својот прв гол во новиот клуб Погон Шчечин и на најдобар можен начин ја оправдува довербата што полскиот клуб му ја укажа со неговиот ангажман во овој летен преоден рок.
Чурлинов се запиша меѓу стрелците веќе на својот втор настап за новиот тим, постигнувајќи гол во 17. минута од натпреварот против Лублин за водство на Погон од 1:0. Македонскиот интернационалец одлично се вклопува во новата средина, а овој погодок е уште една потврда дека може да има значајна улога во играта на Погон Шчечин оваа сезона.
Секако ова е добро за Чурлинов кој го очекуваме со настап и за нашата репрезентација во месец септември во Лигата на нации.