Два европски гиганти го сакаат „бисерот“ на Милан

Франческо Камарда го привлече вниманието на сите фудбалски клубови со својата неверојатна гол-статистика.

Камарда со само 15 години позади себе има над 500 голови во младинските категории на Милан. Неодамна испиша историја и стана најмладиот дебитант во историјата на Серија А откако дебитираше за Милан на „Сан Сиро“.

Фудбалските експерти тврдат дека станува збор за „вундеркинд“, а неговите партии ги следат сите големи клубови ширум Европа.

Камарда се уште нема професионален договор, па таквата ситуација сакаат да ја искористат Манчестер Сити и Борусија Дортмунд и да го „укардат“ од Милан.