Демијан Џонс нов член на Реал Мадрид

Реал Мадрид официјално го потврди Демијан Џонс, кој потпиша договор со „кралскиот клуб“ до јуни 2027 година.
31-годишниот кошаркар во Мадрид пристигнува со деветгодишно НБА искуство, во кое одигра 293 натпревари.
Најголем успех оствари со Голден Стејт Вориорс, со кој освои две шампионски титули, во 2017 и 2018 година.
Во Реал Мадрид доаѓа од порториканскиот Бајамон, со кој ја освои шампионската титула. Минатата сезона таму имаше просек од 13 поени, 5,7 скокови и 2,5 блокади по натпревар.