Дени Илиев раскина со Рапид Букурешт

Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев повеќе не е член на Рапид Букурешт, откако двете страни се разделија по само шест месеци соработка.
Илиев во романскиот клуб пристигна во јануари и веднаш ја доби довербата меѓу стативите, бранејќи на 16 натпревари. Сепак, по истекот на полусезоната дојде до прекин на соработката, па македонскиот чувар на мрежата сега ќе мора да бара нова средина.
Во досегашната кариера Илиев настапуваше и за Ута Арад, Сараево, Хелсинки, Тренчин, Серед и Јагелонија. Пред да започне со сениорскиот фудбал, подолг период беше дел од младинскиот погон на Арсенал.
Во меѓувреме, романските медиуми излегоа со информации дека причината за разделбата може да се поврзува со финансиски проблеми. Според нивните наводи, Рапид му должи на Илиев околу 150.000 евра по основ на неисплатени плати.