Дин Смит е нов тренер на Норвич Сити

Преку официјално соопштение, фудбалскиот клуб Норвич објави дека нов тренер на екипата ќе биде Дин Смит кој потпишал две и пол годишен договор со популарните „канаринци“.

Дин Смит сезоната ја започна како тренер на Астон Вила но неодамна доби отказ од клубот. На негово место во клубот од Бирмингем пристигна Стивен Џерард. Во својата тренерска кариера Дин Смит ги водеше и екипите на Брентфорд и Валсал.

Како негов конкурент за клупата на  Норвич се споменуваше и легендата на Челзи, Френк Лампард, но тој ги прекина прекина преговорите и се повлече од трката за тренерското место.