Добра вест за Челзи, Канте се враќа на терен

Францускиот репрезентативец и член на Челзи, Нголо Канте, после неколкуте проблеми со повредите кои ги има од почетокот на сезоната, конечно се стави на располагање на тренерот Тухел.

Како што јавуваат од таборот на англискиот премиерлигаш Челзи, се очекува Канте да биде подготвен за претстојниот натпревар од Премиер лигата против екипата на Брентфорд.