Добри вести за Борусија, Халанд ја санираше повредата

Ерлинг Хланд се опорави од повредата, но неговото враќање во игра може да биде одложено бидејќи коронавирусот се прошири во Арминија Билефелд.

Борусија во недела треба да и гостува на Арминија, но можно е „жолто-црните“ да не играат втор последователен викенд, откако пред една недела и нивниот меч со Мајнц беше одложен поради многу болни во составот на Мајнц. Враќањето на Халанд во тимот е добра вест за тренерот на Борусија, Марко Роуз, кој нема да може да смета на повредените Матс Хумелс, Рафаел Гуреиро, Мануел Аканжи, Дан-Аксел Загаду и Матеу Мори, додека Марко Ројс е болен.
„Ерлинг повеќе нема болки и се чувствува среќен. Можам да го видам како блеска од враќањето на теренот. Секој ден е многу добро расположен”, изјави Роуз. Борусија Дортмунд заостанува 9 бода зад лидерот во Бундеслигата, Баерн Минхен, но имаат еден натпревар помалку.