Доделени8 државните награди „8 Септември“ за високи остварувања во областа на спортотот

По повод Денот на независноста – 8 Септември, Министерството за спорт на пригодна свеченост во Собранието на Република Македонија, ги додели државните награди за високи остварувања во областа на спортотот.

Државната награда „8 Септември“, со која Република Македонија им оддава признание на спортистите, тренерите и спортските работници кои со своите резултати, посветеност и долгогодишна работа оставиле трајна трага во македонскиот спорт, годинава се одржа по четиринаесетти пат.

Годинешни добитници на еднократната наградата за остварувања во областа на спортот се: Димче Ангелов (борење), Ацо Крстов (борење), Дејан Ангеловски (атлетика) и Ангел Мицевски-Скакар(борење), а наградата за животно дело која е од траен карактер му припадна на Трајче Димков, човек чиј живот е нераскинливо поврзан со борењето – како спортист, тренер, селектор и спортски работник.

Министерот за спорт Борко Ристовски, ги поздрави добитниците и во своето обраќање истакна дека државната награда што го носи името на Денот на независноста има посебна симболика.

„Спортот има една исклучителна моќ – во неколку секунди да обедини цел народ. Кога македонски спортист стои на победнички подиум, кога се крева македонското знаме или кога нашите спортисти се борат со најдобрите во светот, тогаш нивниот успех престанува да биде само личен. Тој станува успех на Македонија. Токму затоа државата има обврска да ги памети луѓето кои ги создавале тие моменти“– порача министерот Ристовски.

„Животно дело не се создава со една победа, една сезона или еден медал. Тоа се создава со децении во кои човекот останува верен на спортот, го пренесува своето знаење и зад себе остава луѓе кои продолжуваат таму каде што тој започнал. Тоа е наследство кое не може да се измери само со бројот на освоени медали“ – истакна Ристовски.

Посебно значење има наградата за животно дело, која му беше доделена на Трајчо Димков, за повеќе од четири децении посветеност на македонското борење како спортист, тренер, селектор и спортски работник. Во неговата долгогодишна спортска кариера особено се издвојува 1995 година, кога со БК „Бучим“ од Радовиш станува европски клубски првак. Како селектор, Димков ја предводеше македонската репрезентација и на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, а низ неговата тренерска кариера неговите борачи освојувале медали на европски првенства