Доминик Калверт-Левин го пропушта стартот на Премиер лигата

Тренерот на Евертон Френк Лампард објави дека напаѓачот Доминик Калверт-Левин поради повреда ќе го пропушти почетокот на новата сезона во Премиер лигата.

Лампард информира дека англискиот голгетер заработил повреда на коленото на еден од тренинзите со тимот, поради што се проценува дека ќе биде надвор од терените околу шест недели.

Ова претставува голем проблем за Евертон пред стартот на новата сезона бидејќи екипата сега останува само со еден класичен напаѓач, искусниот Саломон Рондон.