Дориан Бабунски за прв пат повикан во А репрезентацијата на Македонија

Македонскиот голгетер, Дориан Бабунски, за прв пат е повикан да се придружи во фудбалската репрезентација на Македонија која ги очекува натпреварите со Ерменија и Исланд во квалификациите за Мундијалот во Катар 2022.

Бабунски кој во моментот настапува во првенството на Бугарија за екипата на Ботев Враца, е повикан како замена за повредениот Адис Јаховиќ.

Дориан Бабунски досега има забележано настапи само за младинските селекции на Македонија, и ова ќе биде негов прв повик за настап со А селекцијата на Македонија.