Дрес на Џордан продаден за рекордни 10,1 милиони долари

Дрес на Џордан продаден за рекордни 10,1 милиони долари

Њујоршката аукциска куќа Сотбис, соопшти дека дрес на легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан е продаден на аукција за рекордни 10,1 милиони долари.

Станува збор за црвен дрес на Чикаго Булс кој Џордан го носел на првиот натпревар од финалето на НБА лигата против Јута во 1998 година, период кој е прикажан во документарец на Нетфликс наречен „Последниот танц“. 

Ова е најскап продаден дрес во историјата, бидејќи ја надмина сумата од 9,3 милиони долари која беше платена за дресот на Марадона кој го носеше во натпреварот против Англија кога го постигна голот со „божјата рака“.